| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на Ѓорче Петров бара од институциите враќање на мирот и на безбедноста во општината

opstina gjorce petrov
Советот и градоначалникот  на Општина Ѓорче Петров ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за загубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии.
Советот и градоначалникот  на Општина Ѓорче Петров вчера упатија апел до граѓаните на општината да се воздржаат од какви било активности спротивни на закон и да дејствуваат врз какви било изливи на насилство.
Општината ги повика надлежните институции на Република Македонија, а посебно Министерството за внатрешни работи, да ги преземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста и заштита на животот и имотот на граѓаните.
Советот и градоначалникот  на Општина Ѓорче Петров, во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе утврдаат дополнителни мерки што треба да се преземаат за обезбедување стабилна и безбедносна состојба на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top