Мала пауза од сончевото време ќе видиме овој вторник. Облачноста што доаѓа од запад ќе донесе повремен дожд уште во првата половина од денот во делови од западниот регион на земјата. Попладне локален и релативно слаб дожд, ќе има во на повеќе места низ земјата. Локално во југозападното подрачје ќе има услови за слаба нестабилност проследена со краткотраен дожд и грмежи. Значително намалување на облачноста се очекува во текот на вечерта.
Според метеопро.мк, максимална температура околу 22 Целзиусови степени се очекува во котлините во западниот регион, и 23 Целзиусови степени во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална 26 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо време со повремен, релативно слаб дожд. Значително намалување на облачноста се очекува во текот на вечерта. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност 23 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



