Цели 14 години после преработката на „Црни снег“ Аца Лукас и Цеца, одлучија повторно да ги вкрстат гласовите во нов дует насловен „Не заносим се ја“. И додека низ српската метропола се шпекулира дека Аца Лукас исчезнал затоа што должи пари, Лукас своите фанови како и оние кои што знаат како да уживаат во неговата музика, ги забавува на популарниот белградски сплав „Џими“.
Минатата недела, Лукас и Цеца во студиото на Лукас ја снимиле „Не заносим се ја“ за која што и двајцата веруваат дека е следниот регионален хит.
– Сигурен сум дека песната ќе биде апсолутен хит. Текстот е извонреден а мојот и гласот на Цеца совршено се надополнуваат – вели Лукас.
Идејата за овој хит е на Лукас, а Цеца штом слушнала за истиот, воопшто не се двоумела и покрај многубројните обврски кои што ги има.
Лукас и Цеца и овојпат не експериментираа со соработниците па и овој хит го работат со проверениот хитмејкер, Мили. Оваа песна македонската публика ќе има неповторлива можност да ја слушне во живо на 30 мај на Скопско лизгалиште, за кога Александар Вуксановиќ најави вистински open air спектакал.
Влезниците во продажба можете да ги најдете преку продажната мрежа на купикарти за се и Пола Југотон, Камарад – Рамстор и Цвеќара Розе Веро 2. Цената на истите е 250 денари. Вип картите за овој концерт ќе ве чинат 550 денари.
Во меѓувреме додека во Србја се води вистинска борба за живот, Аца Лукас е на вистинското место во вистинското време. Не штеди средства и начини за да помогне на своите сограѓани, односно на сите оние на кои што во моментов им е потребна помош. Лукас како и поголем дел од српската естрада бараат начин за да помогнат на луѓето чии домови ги погоди досега незапаметена природна катастрофа. Подготвувајќи се за концертот во Скопје, Аца Лукас повтори дека се додека треба и може ќе им биде на располагање на сите на кои што им е потребна било каква помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.