| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Кисела Вода издвои 300.000 денари за помош на Србија и на БиХ

кв

Општина Кисела Кисела Вода донесе одлука да издвои 300.000 денари или околу 5.000 евра како помош за санирање на последиците од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина.

Одлуката со акламација била донесена на вонредна седница на Советот на општина Кисела Вода, која се одржа денеска, на предлог на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

Општина Кисела Вода средствата, кои се од ставката Постојани резерви (непредвидливи расходи),  ќе му ги исплати на Црвениот крст, кој пак ќе треба да достави извештај за наменетите средства.

На седницата, на предлог на советничката Мери Проја Јордановска, била усвоена и одлука советниците да издвојат по 25 проценти од својот паушал и на таков начин да дадат свој придонес кон донацијата од Општина Кисела Вода до загрозените семејства од Србија и Босна и Херцеговина, кои претрпеа огромни штети од поплавите.

Претходно, граѓани од општина Кисела Вода во рамки на хуманитарната акција „Да подадеме рака“ подарија 450 пакети со вода, стотина пакети детска храна, пелени и конзервирана храна, околу 50 ќебиња и јоргани, 150 пакети за лична хигиена, многу облека, обувки…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top