| четврток, 6 декември 2018 |

Сарачини: Ситуацијата во Србија и во БиХ нема да предизвика турбуленции врз трговијата

saracini 2

– Од Србија увезуваме пченица, пченка и брашно и ова можеби ќе има некаква последица, но имајќи предвид дека годишно произведуваме околу 270 илјади тони пченица што е околу 70 проценти од вкупните потреби, значи дека околу 30 проценти се увоз. Секогаш има можност за алтернативен увоз. Тука се Хрватска, Бугарија и Унгарија, така што мислам дека ова нема да се одрази толку негативно врз трговијата – истакна Сарачини.

Евентуално, негативни последици Сарачини очекува во делот на транспортот на стоки поради тоа што во овие региони движењето е отежнато, а на места и воопшто не може да се реализира што ќе доведе до задоцнување на нарачките од компаниите.

– Мислам дека многу брзо ќе се стабилизра и нормализира ситуацијата. Нашиот комитет за трговија будно ја следи ситуацијата и доколку има потреба за некаква реакција или интервенција, тоа ќе се направи – потенцира министерот за економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top