| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Донациите денеска стигнуваат во Србија, утре испраќаме помош за Босна

Над 80 тони донации од Македонија денеска тргнаа кон Србија.

Храна, лекови, облека, вода, средства за лична хигиена, сортирани во посебни кутии испраќаат македонските граѓани до своите соседи.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е координатор и денеска излезе на терен за да ги следи акцијата и испраќањето на донацијата.

Тој се заблагодари до македонските граѓани и Црвениот крст за хуманоста, како и на сите други кои дадоа придонес за оваа хуманитарна акција.

milejanakieski22

Околу 240 тони на стока се собрани преку донации, а Јанакиески апелираше граѓаните, пред сѐ, да доставуваат конзервирана храна, вода и хигиенски средства.

– И во наредните денови ќе продолжиме со испорака на стока бидејќи навистина се во лоша состојба поплавените општини во Србија и во Босна и Херцеговина. Им треба помош која ние како Република Македонија, како граѓани на Македонија, од денеска ја испорачуваме. Организиран е превозот, информирани се сите служби, Царинската управа и МВР. Очекувам денес, кон крајот на денот, оваа стока да пристигне во Србија – рече Јанакиески.

mmilee

Утре Македонија ќе испрати помош и во Босна и Херцеговина.

Вкупно досега е собрана стока со тежина од 240 тони, а Јанакиески очекува уште повеќе да се зголеми следниве денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top