Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 0,5 до еден денар за литар, а цената на дизелот ќе остане непроменета и во нарредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот евросупер БС-95 поевтинува за еден денар и ќе чини 79 денари за литар. Цената на евросупер БС-98, пак, се намалува за 0,5 денари и ќе се продава по 80 денари за литар.
Еуродизелот и екстра-лесното масло за домаќинство остануваат со досегашните цени – 67,5, односно 56 денари за литар.
За 0,782 денари поскапува мазутот, и еден килограм ќе чини 40,492 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.