| четврток, 6 декември 2018 |

Неисчистен оџак го запалил манастирот Трескавец

prilep-treskavec-3

Запалени наталожени смоли-саѓи во нечист, неисправен оџачки канал кој имал конструктивни недостатоци, а не електрична инсталација, се причина за пожарот во кој изгорана конаците на манастирот Трескавец, утврдија вештаците за пожари од Прилеп

– Центарот на огнената стихија била гостинската соба број 6 веднаш до манастирската камбанарија. Во таа просторија викендот имало гости, најверојатно интензивно и прекумерно се ложела печката на дрва. Прво од саѓите и смолите се запалил подот, веднаш од таа пожарот се пренел во соседната просторија и за 20-тина минути се проширил секаде. Пожарот избувнал во 13 часот за петнаесеттина минути се проширил со силен интензитет, информира денеска портпаролот на судот Жарко Велески.

– Критичниот ден, на 4 февруари во понеделникот дувал ветер од западен правец со брзина од 28 километри на час. Но на надморска височина од околу 1.300 метри бил многу посилен и за жал пожарот многу брзо ги опфатил конаците, вели Велески.

Со едниот извештај се констатира причината, а со другиот вештите лица целосно ја отфрлаат можноста дека пожарот бил предизвикан од електрична инсталација.

– Електричната инсталација во никој случај не е причина за пожарот. Таа можност во извештајот е отфрлена, додава портпраролот на судот.

Истражната постапка за пожарот во трескавец трае се уште.

– На истражниот судија е да реши дали треба уште да се појаснуваат некои факти или доволни ќе бидат извештаите на вештаците. Постои сомневање за несоодветно изведување на оџачкиот систем или, пак е отворено прашањето дали соодветно се одржувал оџакот. Но, да не се прејудицира,  се останува на тоа како ќе постапува истражниот судија, вели портпаролот на прилепскиот основен суд Жарко Велески.

Во пожарот од 4 ти овој месец беа спасени црквата „Успение на пресвета Богородица“ и трпезаријата кои датираат од 12 и 13 век и се споменици на културата .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top