Соговорниците размениле мислења и информации околу потребите и можностите за поддршка и помош. Премиерот Груевски изразил сочувство за жртвите од поплавите и ја истакнал спремноста Македонија да продолжи со помошта.
Груевски, како што информираат од владината прес-служба, истакнал дека БиХ може да смета на Македонија во рамките на нашите можности. Премиерот потенцирал дека покрај стокова поддршка како вода, храна, лекови и облека, Република Македонија ќе даде и финансиска поддршка за помош на настраданите.
Бакир Изетбеговиќ изразил благодарност за помошта која Република Македонија ја дава. Министерот Миле Јанакиески на дневна основа ќе комуницира со центарот за справување со непогоди на БиХ во врска со координацијата на соработката.
Премиерот Груевски остварил и телефонски разговор со Небојша Радмановиќ, српскиот член на претседателството на БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.