Срамен транспарент на кошаркарски натпревар во Гостивар истакнаа група хулигани, а на него пишува: „Се молиме за Босна, кој ја е.е Србија“.
Двете поранешни југословенски републики се борат со природната стихија и поплавите, а Македонија покажа дека е хумана со голем одѕив на населението кое помага на сите начини за да им се намалат маките на настраданите во БиХ и во Србија. Очигледно има и минорен дел од луѓето што не мислат така. Сличен транспарент, имаше и на фудбалски натпревар во Приштина, Косово.
ФОТО: Преземено од „off.net.mk“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



