| четврток, 6 декември 2018 |

ССК донира хуманитарна помош за Србија и за БиХ

хумана

Сојузот на стопанските комори се приклучи кон хуманитарната акција за помош на поплавените во Србија и во Босна и Херцеговина.

Вчера се испратени 40 илјади литри вода, помош од компанијата „Трансмет“ и „Боми 10 логистик“, а од ССК денеска информираа дека и останатите компании индивидуално се организираат и помагаат секој во својот домен на дејствување.

– Сојузот на стопанските комори во соработка со Црвениот крст на Република Македонија ја следи состојбата и ќе помага во зависност од апелот за потреба на количина материјали кои се неопходни за населението (вода, храна, апчиња, хигиенски средства, храна за бебиња и сл.) со парични средства, како и со донации на телефонскиот бројот 143 400 – се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top