Селото Парачи, источно од Тузла во Босна и Хецеговина, по поплавите практично е избришано од мапата. Пред два дена дошло до лизгање на земјиштето кое однело сѐ пред себе. Жителите на селото спасувале жива глава, а меѓу нив имало и деца.
Таму каде што некогаш имало куќи, гаражи дворови… останале само покриви, а на некои места земјата прекрила сѐ, како никогаш да не постоеле.
Одроните на земјата се длабоки и по 20 метри, а населението истакнува дека такво нешто никогаш не се случило претходно. Жените и децата се евакуирани на безбедно, а во селото има само мажи кои додека земјата сѐ уште се движи, тие се обидуваат да спасат што можат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


