| четврток, 6 декември 2018 |

Развојот на современото македонско движење во Грција

Иа­ко на­ши­от раз­го­вор се од­ви­ва­ше на грч­ки, тие на мо­мен­ти ќе пре­ки­неа и ќе про­дол­жеа да збо­ру­ва­ат на сла­во­ма­ке­дон­ски ја­зик, за да се ар­гу­мен­ти­ра­ат ме­ѓу се­бе за одре­ден проб­лем, еден од нив ми ги прет­ста­ви фа­кти­те на грч­ки ја­зик

Istorija85-1

Во ле­то­то 1991 го­ди­на грч­ки­от ан­тро­по­лог Ана­ста­си­ја Ка­ра­ка­си­ду, за­ед­но со сво­јот со­пруг, пра­веј­ќи те­рен­ски истра­жу­ва­ња во де­ло­ви од егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја, на пат кон гра­дот Ле­рин, за­ста­на­ле во ед­но од се­ла­та од во­ден­ска­та око­ли­ја. Од раз­го­во­рот со ло­кал­но­то на­се­ле­ние, Ка­ра­ка­си­ду до­би­ла, за неа, за­чу­ду­вач­ки од­го­во­ри. „Двај­ца мла­ди ма­жи“, пи­шу­ва таа, „се­деа вед­наш до ме­не, збо­ру­ваа на ја­зик што не го раз­би­рав. Тие ме поз­дра­ви­ја на грч­ки, а јас ги пра­шав на кој ја­зик збо­ру­ва­ат – ’ма­ке­дон­ски‘“, од­го­во­ри­ле тие, за­гат­ну­вај­ќи ѝ во тој мо­мент мно­гу не­јас­ни ра­бо­ти. Оби­ду­вај­ќи се да ја за­поз­нае ма­ке­дон­ска­та „при­каз­на“ од еден друг агол, таа го про­дол­жи­ла раз­го­во­рот:

Istorija88-Anastasia-Karakasidou

Анастасија Каракасиду

„јас поч­нав да збо­ру­вам љу­без­но за се­ло­то со по­го­ле­ма гру­па ма­жи, кои по­по­ле­ка ја пол­неа про­дав­ни­ца­та. Иа­ко на­ши­от раз­го­вор се од­ви­ва­ше на грч­ки, тие на мо­мен­ти ќе пре­ки­неа и ќе про­дол­жеа да збо­ру­ва­ат на сла­во­ма­ке­дон­ски ја­зик, за да се ар­гу­мен­ти­ра­ат ме­ѓу се­бе за одре­ден проб­лем, еден од нив ми ги прет­ста­ви фа­кти­те на грч­ки ја­зик. Ка­ко и си­те се­ла во ре­ги­о­нот, нив­ни­те ими­ња беа про­ме­не­ти во се­гаш­на­та грч­ка фор­ма во 1936 го­ди­на за вре­ме на ди­кта­ту­ра­та на Ме­та­ксас. Ма­ла­та цр­ква во се­ло­то има­ше нат­пи­си на ’сло­вен­ски‘, но по­доц­на бе­ше пре­мач­ка­на. Ко­га пра­шав, ми ре­коа де­ка ма­жи­те во се­ло­то прв­пат на­у­чи­ле грч­ки за вре­ме на во­е­на­та служ­ба, по 1912 го­ди­на. Ме­сто да би­дат ис­пра­ќа­ни на ’срп­ски­от фронт‘ во те­кот на Пр­ва­та свет­ска вој­на, ре­гру­ти од оваа об­ласт беа ста­ци­о­ни­ра­ни во Ла­ри­са, об­ласт во цен­трал­на Гр­ци­ја… Тие са­ми­те беа тре­ти­ра­ни ло­шо, и че­сто беа на­ре­ку­ва­ни грч­ки гра­ѓа­ни ’бу­га­ро­фо­ни‘… ’Ние не сме бу­га­ро­фо­ни‘ – ми об­јас­ну­ваа тие. ’Ние има­ме те­шко­тии во ко­му­ни­ка­ци­ја­та со ’Ср­би­те‘, кои до­а­ѓа­ат да ра­бо­тат на на­ши­те план­та­жи со овош­је. Ние збо­ру­ва­ме на ист ја­зик ка­ко што збо­ру­ва­ат во Ге­вге­ли­ја или на бу­гар­ска­та гра­ни­ца, но ние не го раз­би­ра­ме ја­зи­кот што се ко­ри­сти во Бу­га­ри­ја или во Ср­би­ја‘. Же­ни­те од се­ло­то, ми бе­ше ка­жа­но, беа пос­лед­ни што го на­у­чи­ја грч­ки­от ја­зик, ка­ко и не­кои ста­ри лу­ѓе, се­га ве­ќе по­чи­на­ти, кои ни­ко­гаш не го на­у­чи­ја. Под ре­жи­мот на Ме­та­ксас си­те се­ла­ни беа при­ну­де­ни да одат во ве­чер­ни учи­ли­шта за да го на­у­чат грч­ки­от ја­зик. Се­кој што ќе бе­ше ’фа­тен‘ да збо­ру­ва сла­во­ма­ке­дон­ски бе­ше при­ну­ден да пие ри­ци­но­во мас­ло, а не­кои ду­ри би­ле и мал­тре­ти­ра­ни. Мла­ди лу­ѓе што го ко­ри­стеа сла­во­ма­ке­дон­ски­от ја­зик во учи­ли­шта­та беа те­па­ни. Во ве­чер­ни­те ча­со­ви одре­де­ни по­е­дин­ци беа наз­на­че­ни да па­тро­ли­ра­ат во се­ло­то и да ги слу­ша­ат лу­ѓе­то што до­ма збо­ру­ва­ат на сла­во­ма­ке­дон­ски. Сла­во­ма­ке­дон­ски­от ја­зик де­нес по­по­ле­ка ис­чез­ну­ва од се­ло­то. Мла­ди­те лу­ѓе чув­ству­ва­ат де­ка не се во ’мо­да‘ и се сра­мат да го го­во­рат. На по­ве­ќе­то лу­ѓе сè уште им е не­при­јат­но да го збо­ру­ва­ат сво­јот мај­чин, сла­во­ма­ке­дон­ски ја­зик. ’Ние не са­ка­ме по­ве­ќе проб­ле­ми‘, об­јас­ни­ја не­кои. Ка­де и да нај­де­те ста­ри до­ку­мен­ти или ма­те­ри­ја­ли, на­пи­ша­ни со ки­ри­лич­но пис­мо, тие, ед­но­став­но, беа уни­шту­ва­ни“ (A. Karakasidou, Politicizing Culture: Negating Ethnic Identity in Greek Macedonia, 1993).

Спо­ме­на­ти­от при­мер е са­мо еден од на­чи­ни­те на кои мал дел од ин­те­ле­кту­ал­на­та ели­та и по­е­дин­ци – ли­бе­ра­ли во по­че­то­кот на де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век ја осоз­на­ва­ле ре­ал­но­ста во се­вер­ни­от дел на Гр­ци­ја. Ем­бар­го­то од стра­на на ин­сти­ту­ци­и­те на грч­ка­та др­жа­ва по Гра­ѓан­ска­та вој­на (1946-49), да се отво­ри ка­ква би­ло ди­ску­си­ја за „ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње“ при­до­не­ло во са­ма­та Гр­ци­ја да се ве­ру­ва во „хо­мо­ге­но­ста“ на грч­ка­та на­ци­ја-др­жа­ва.

Ка­ко и да е, освр­ну­вај­ќи се на со­вре­ме­но­то ма­ке­дон­ско дви­же­ње во Гр­ци­ја по Гра­ѓан­ска­та вој­на, мо­же да се на­пра­ви ди­стинк­ци­ја на два пер­и­о­да: 1949 – 1981 го­ди­на и од 1981 до де­нес. Во пр­ви­от пер­и­од мо­же да се за­бе­ле­жи де­ка де фа­кто ма­ке­дон­ски­от на­род во Гр­ци­ја бил во „ко­ма“. По сил­ни­от „шок“ од Гра­ѓан­ска­та вој­на и огром­на­та де­по­пу­ла­ци­ја, пред сè на ма­ке­дон­ска­та мла­ди­на, ус­ло­ви­те би­ле прем­но­гу те­шки, па ду­ри и не­воз­мож­ни да се раз­вие ка­кво би­ло на­ци­о­нал­но дви­же­ње. На ова ќе се до­да­де и по­ли­ти­ка­та на офи­ци­јал­на Ати­на за не­по­сто­е­ње на ма­ке­дон­ско мал­цинс­тво во др­жа­ва­та, ко­ја, впро­чем, па­ра­лел­но спро­ве­ду­ва­ла про­цес на аси­ми­ла­ци­ја, при­дру­же­на со се­е­ње страв и те­рор, ег­зе­ку­ции, де­пор­ти­ра­ња… Исто та­ка, не­по­вол­ни би­ле и ме­ѓу­на­род­ни­те ус­ло­ви во бло­ков­ска­та по­де­ле­ност за вре­ме на Сту­де­на­та вој­на. Си­ту­а­ци­ја­та не се про­ме­ни­ла и по во­е­на­та ди­кта­ту­ра во Гр­ци­ја (1967-74), би­деј­ќи ре­пре­си­ја­та и аси­ми­ла­ци­ја­та врз Ма­ке­дон­ци­те про­дол­жи­ле со нес­ма­ле­но тем­по.

Про­ме­на­та на по­ли­тич­ка­та сце­на во Гр­ци­ја во 1981 го­ди­на и мо­дер­ни­за­ци­ја­та на грч­ко­то оп­штес­тво со до­а­ѓа­ње­то на власт на пар­ти­ја­та ПАСОК, го оз­на­чу­ва вто­ри­от пер­и­од, т.е. по­че­то­кот на раз­во­јот на со­вре­ме­но­то ма­ке­дон­ско дви­же­ње. Би­ле на­пра­ве­ни пр­ви­те че­ко­ри. Во на­деж за по­до­бро утро Ма­ке­дон­ци­те да­ле ма­сов­на под­др­шка на вла­да­та на ПАСОК. Се по­ја­ви­ла пр­ва­та ге­не­ра­ци­ја ви­со­ко­о­бра­зо­ва­ни Ма­ке­дон­ци, кои би­ле на ра­ко­вод­ни функ­ции во по­ни­ски­те еша­ло­ни на пар­ти­ја­та. Се слу­чи­ла и по­сте­пе­на де­мо­кра­ти­за­ци­ја во по­ли­ци­ја­та, ба­рем во по­чет­ни­от пер­и­од. Се­то ова при­до­не­ло да дој­де до по­сте­пе­но охра­бру­ва­ње кај Ма­ке­дон­ци­те, кое се ма­ни­фе­сти­ра­ло со по­втор­но слу­ша­ње на ма­ке­дон­ска му­зи­ка во ре­сто­ра­ни­те, на па­на­ѓу­ри­те, свад­би­те итн. Ме­ѓу­тоа вла­да­та на ПАСОК на­бр­зо го по­ка­жа­ла ви­стин­ско­то ли­це. Во 1982 го­ди­на и во 1985 го­ди­на би­ле до­не­се­ни до­бро­поз­на­ти­те за­ко­ни, кои доз­во­лу­ва­ле ре­па­три­а­ци­ја и вра­ќа­ње на имо­ти­те на по­ли­тич­ки­те бе­гал­ци, но са­мо на Гр­ци­те по род. Исто та­ка, би­ло ре­ше­но да не се приз­на­ва­ат дип­ло­ми­те на Уни­вер­зи­те­тот „Св. Ки­рил и Ме­то­диј“ во Скоп­је, во кој, во тој пер­и­од, има­ло око­лу 120 сту­ден­ти од Гр­ци­ја, по­ве­ќе­то Ма­ке­дон­ци. По­сте­пе­но ма­ке­дон­ски­от на­род сфа­тил де­ка со­ци­ја­ли­стич­ка­та вла­да на ПАСОК не са­мо што не пре­зе­ма­ла че­ко­ри за да се по­пра­ви не­прав­да­та од ми­на­то­то, ту­ку, на­про­тив, неј­зи­на­та по­ли­ти­ка се дви­же­ла во крај­но спро­ти­вен пра­вец.

Во та­кви окол­но­сти дел од Ма­ке­дон­ци­те во Гр­ци­ја поч­на­ле тај­но по­ли­тич­ко гру­пи­ра­ње и акти­ви­ра­ње на на­ци­о­на­лен план. На пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 1985 го­ди­ни во из­би­рач­ки­те ку­тии би­ле про­нај­де­ни гла­сач­ки лив­чи­ња на кои се изра­зу­ва­ле про­тест и осу­да кон грч­ка­та др­жа­ва, но и се наг­ла­су­вал ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Во 1987 го­ди­на трој­ца Ма­ке­дон­ци ре­а­ли­зи­ра­ле тај­на по­се­та во Бри­сел, во се­ди­ште­то на Европ­ска­та еко­ном­ска за­ед­ни­ца. Во 1990 го­ди­на од стра­на на 70 ма­ке­дон­ски акти­ви­сти би­ло под­не­се­но ба­ра­ње во су­дот во Ле­рин за отво­ра­ње Дом на ма­ке­дон­ска кул­ту­ра. Па­ра­лел­но, тај­но, од ра­ка на ра­ка, поч­нал да се де­ли вес­ни­кот „Мог­ле­на“. Исто та­ка, во грч­ки­от пе­чат сѐ по­че­сто мо­же­ле да се про­чи­та­ат тек­сто­ви, ка­ко овој во вес­ни­кот „Сто­хос“, од 21 август 1987 го­ди­на, ка­де што се из­ве­сту­ва­ло де­ка на Спа­сов­ден во ле­рин­ско­то се­ло Кра­пе­шти­на сел­ски­от кмет играл оро по зву­ци­те на „ма­ке­дон­ски­те сло­вен­ски пес­ни“ – „Еле­но мо­ме, Еле­но“ и „Сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја“.

Istorija88-Anastasia-Karakasidou-FIELDS-of-WHEAT-HILLS-of-BLOOD

„Полиња жито, ридишта крв – патиштата кон националноста во грчка Македонија, 1870-1990“
– Анастасија Н. Каракасиду

Про­ме­ни­те на свет­ска­та сце­на, кои се нај­а­ву­ва­ле кон кра­јот на осум­де­сет­ти­те и на по­че­то­кот на де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век со па­дот на ко­му­низ­мот и кра­јот на Сту­де­на­та вој­на, овоз­мо­жи­ле ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње во Гр­ци­ја да се прет­ста­ви и пред ме­ѓу­на­род­ни­те ин­сти­ту­ции. Во таа на­со­ка, во ле­то­то 1990 го­ди­на ма­ке­дон­ска де­ле­га­ци­ја од егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја би­ла дел од Кон­фе­рен­ци­ја­та за европ­ска без­бед­ност и со­ра­бо­тка (КЕБС, де­нес ОБСЕ) во Ко­пен­ха­ген, Дан­ска, ка­де што јас­но и отво­ре­но пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца го по­ста­ви пра­ша­ње­то за пра­ва­та на Ма­ке­дон­ци­те во Гр­ци­ја. Прет­став­ни­ци на ма­ке­дон­ско­то дви­же­ње учес­тву­ва­ле и на на­ред­ни­те две кон­фе­рен­ции на КЕБС, во Мос­ква во 1991 го­ди­на и во Хел­син­ки во 1992 го­ди­на.

Во сеп­тем­ври 1991 го­ди­на би­ла фор­ми­ра­на по­ли­тич­ка­та ор­га­ни­за­ци­ја „Ма­ке­дон­ско дви­же­ње за бал­кан­ски прос­пе­ри­тет“ (МАКИВЕ), со се­ди­ште во се­ло­то С’бот­ско, Мег­лен­ско. Глав­ни ве­ли на МАКИВЕ беа да се спро­тив­ста­ват на рас­из­мот, на­ци­о­на­лиз­мот и на ми­ли­та­риз­мот во Гр­ци­ја и да ра­бо­тат за мир­на ко­ег­зи­стен­ци­ја и со­ра­бо­тка ме­ѓу на­ро­ди­те на Бал­ка­нот. Во ор­га­ни­за­ци­ја­та има­ло чле­но­ви од по­ве­ќе­то око­лии од егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја, од Ле­рин­ско, Кај­лар­ско, Во­ден­ско, Ко­стур­ско, Со­лун­ско, Ку­ку­шко, итн. Ме­ѓу­тоа, раз­во­јот на ма­ке­дон­ско­то дви­же­ње во Гр­ци­ја пре­диз­ви­ка­ло сил­на ре­ак­ци­ја од др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, со цел, со ме­то­ди на зап­ла­шу­ва­ње и на при­ти­сок, да ги пре­мис­лат и од­вра­тат ма­ке­дон­ски­те акти­ви­сти од по­ста­ве­ни­те це­ли. Та­ка, на при­мер, бил отка­жан па­на­ѓу­рот во се­ло­то Ов­ча­ра­ни со ин­тер­вен­ци­ја на по­ли­ци­ја­та и ле­рин­ски­от пре­фект, до­де­ка во пе­ча­те­ни­те ме­ди­у­ми се пи­шу­ва­ло за „аген­ти“ и за „пре­дав­ни­ци“. Жи­те­ли­те на се­ло­то Па­те­ле би­ле ка­ра­кте­ри­зи­ра­ни од пре­фе­ктот Па­па­до­пу­лос ка­ко „скоп­ја­ни“ и „Бу­га­ри“, би­деј­ќи ба­ра­ле пра­вил­на рас­пре­дел­ба на зем­јо­дел­ска­та зем­ја, ко­ја иле­гал­но, со пре­мол­че­на сог­лас­ност од др­жа­ва­та, им би­ла до­де­ле­на на жи­те­ли­те на со­сед­но­то се­ло, кое, па­тем ре­че­но, би­ло на­се­ле­но со грч­ко на­се­ле­ние…

 

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 88. број на неделникот „Република“, 9.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top