| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија досега собра околу 60.000 евра за поплавените

помос

Црвениот крст на РМ денеска во 12 часот од магацинот во Момин Поток ќе го испрати првиот конвој хуманитарна помош од 4 шлепери со 80 тони хуманитарна помош за настраданото население од поплавите во Србија. Крајна дестинација на помошта ќе биде Белград. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на Амбасадата на Република Србија во РМ.
Утре во 11 часот од магацинот во Момин Поток ќе биде испратена првичната помош за настраданото население во Босна и Херцеговина.

Оваа помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и резервите на Црвениот крст на РМ. Логистичка поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ. Во текот на вчерашниот ден беа собрани околу 50 тони храна, 25 тони средства за хигиена, 2.000 ќебиња, 5 тони млеко, 80.000 литри вода, 2 тона бебешка храна, 2.000 пара обувки, 20 тона  употребувана облека, други намирници и останата материјална помош. Парите собрани на телефоните за донации на Црвениот крст заклучно со вчерашниот ден изнесуваат 3.700.000 денари, односно 60.162 евра.

Црвениот крст на РМ  упатува апел до сите заинтересирани кои и натаму сакаат да помогнат  да го сторат тоа преку уплата на жиро-сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка и преку телефоните: 075/070/077 143-400 на кои со еден повик се донирааат 100 денари. Од материјална помош во овој момент се прима исклучиво секаков вид конзервирана и сува храна (тестенини од индустриско потекло), вода за пиење и средства за хигиена.

Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ  во Момин Поток со адреса ул. Момин Поток бб, тел. 3096227 од 8 до 18 часот, како и Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ од 8 до 17 часот. На локално ниво помошта може да се донира и во  општинските организации на Црвен крст надвор од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top