
Луѓето денес живеат подолго, судејќи по статистиката на Светската здравствена организаицја (СЗО) за 2014 година.
Девојче родено во 2012 година може да очекува дека ќе живее околу 73 години, а момчето околу 68 години, судејќи според светскиот просек. Тоа е за шест години подолго од светскиот просек на животниот век за деца родени во 1990 година.
Земјите со најнизок животен стандард оствариле најголем напредок. Шестте водечки земји во кои е зголемен животниот век се Либерија, Етиопија, Малдиви, Камбоџа, Источен Тимор и Руанда.
Жените во Јапонија имаат најдолг животен век, 87 години, а зад нив следат Шпанките, Швајцарките и жителките на Сингапур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


