| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес го погоди централниот дел од Албанија

земјотрес
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди рано изутринава централниот дел на Албанија, соопшти Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот, кој е регистриран во 3.59 часот, се наоѓал на 43 километри јужно од Тирана, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top