| четврток, 6 декември 2018 |

Нова трагедија: Во Босна се удави цело семејство

На подрачјето кај Добој се пронајдени повеќе од 20 мртви тела, јавува Кликс.ба. Градоначалникот на Добој (Босна) изјави дека веќе се извадени повеќе од 20 мртви тела, а во долниот дел од градот каде воопшто не е направена евакуација, се претпоставува дека има многу повеќе мртви.

Видени се уште човечки трупови како пловат, но не се извадени од водата. Градоначалникот рече дека погребот ќе се плати од градскиот буџет.

На прашањето дали е точна информацијата дека во автомобил е пронајдено цело семејство мртво, тој изјави:

„Има и таков случај. Се плашиме дека има уште пртви во јужниот дел од градот и во Пјескови. Имаме уште автомобили и луѓе, тоа ќе го дознаеме вечерва или утре.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top