| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовчани сами се организираа и собираа помош за настраданите во поплавите

Пред Домот на Културата во Тетово се организираше спонтана хуманитарна акција на Иницијативата на граѓани за помош на погодените од поплавите во Србија и Босна.На ова хуманитарна акција и се приклучија многу граѓани на Тетово и тетовско, кои со својот придонес се обидуваат да им помогнат на сите тие кои имаат потреба од било каква помош во Србија и Босна.

-Во недостиг на институционална подршка ете ние граѓаните и здруженијата, се обидуваме колку што можеме да им помогнеме на луѓето засегнати од поплавите во Србија и Босна. Граѓаните даруваат се што мислат дека е потребно, храна, облека, ќебиња и слично, изјави Светлана Сиљановска од Граѓанската Иницијатива за хуманитарна помош.

Од Црвениот Крст во Тетово информираат дека службено не започнале ваква хуманитарна акција но дека тие ја подржуваат ова акција на Граѓанската иницијатива.

-Од утре ние и службено ќе започнеме со прибирање на хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Србија и Босна.Тоа ѓе биде долг процес, но ситуацијата е таква што тие луѓе там ќе имаат потреба од секојдневна помош. Денес бевме кај Домот на
Културата и ја подржуваме иницијативата на граѓаните на Тетово .Од утре во координација со Црвениот Крст во Скопје и ние ќе бидеме во служба на хуманитарните активности, изјави Ќатип Бесими, Секретар на Црвениот Крст во Тетово .

Вода, храна, средства за хигиена ,парична помош и други потрепштини денеска се даруваа за поплавените семејства. Здруженијата во Тетово и граѓаните не штедеа, и колку што можеа даваа хуманитарен придонес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top