| четврток, 6 декември 2018 |

Несолидарност и безобразлук: Овие чамци не ги отстапуваат, а луѓето се дават!

Иако Србија се дави во поплави, сопствениците на чамци во белградската марина тоа воопшто не ги засега. Марината на Ада Циганлија и кај Кулата се полни со чамци, но на сопствениците на ум не им паѓа да ги отстапат за спасување луѓе.

Ниту апелот на Александар Вучиќ да ги позајмат чамците за луѓето од загрозените подрачја да бидат евакуирани не наиде на одѕив. Но, тука не е крајот на нивната несолидарност и безобразлук.
Додека лужето ширум Србија се борат за живот, сопствениците на чамци во белградските марини, како што пишуваат српските медиуми, масовно поитале со приколки да ги спасат чамците поради можноста Сава да се излие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top