| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Добрица Ќосиќ

Академик Ќосиќ е роден на 29 декември 1921 година, во Велика Дренова, во близина на Трстеник. Учествувал во партизанското движење од 1941 година, а по војната завршил Виша политичка школа во Белград.

Првиот роман „Далеку е сонцето“ го објавил во 1951 година. Меѓу другите негови попознати дела се  „Делби“, „Корени“, „Време на смртта“, „Време на злото“, „Верник“, „Грешник“ и „Отпадник“. Неговата последна книга беше „Во туѓиот век“, објавена во јуни лани. Добитник е на повеќе награди за литература, а трипати е номиниран за Нобелова награда.

Ќосиќ е еден од авторите на меморандумот на Српската академија на науките и уметностите, кој предизвика многу реакции во тогашна Југославија. Тој се смета за идеен творец на Српската демократска партија во Книн и на истоимената партија во БиХ.

За претседател на СР Југоласвија, која по распадот на СФРЈ ја сочинуваа само Србија и Црна Гора, беше избран во април 1992 година, но само по една година поради несогалсување со тогашниот српски претседател Слобдан Милошевиќ беше сменет од функцијата.   

Добрица Ќосиќ во 2000 година му се приклучи на движењето „Отпор“, а беше и прв српски интелектуалец кој отворено предлагаше поделба на Косово. 

Член e на Српската акедемија на науките и уметностите од 1970 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top