| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Приведени 18 луѓе во врска со трагедијата во рудникот во која загинаа 301 човек

Турската полиција привела 18 лица меѓу кои и луѓе на извршни позиции во компаниата сопственик на рудникот во Сома во рамки на истрага за трагедијата во која загинаа 301 човек.

Спасувачката операција во рудникот заврши вчера откако беа извадени тела на двајца рудари.

Трагедијата се случи во минатата недела во рудник во близина на Сома, во западна Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top