Африканските лидери и западните официјални лица се договорија во Парис да објават војна на нигериската исламистичка , терористичка група Боко Харам, пренесува БиБиСи. Домаќинот на средбата францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека регионалните лидери договориле размена на разузнувачките податоци и координација на нападите против Боко Харам, кој во заробеништво ги држи 223 нигериски девојчиња уште од 14 април.
Лидерите на Нигерија, Камерун, НИгер, Чад и Бенин се договорија со француските американските и со британските власти во надеж дека во координирана стратегија ќе ги најдат и спасат девојќињата кои повеќето се христијанки. Боко Харам понуди замена за девојчињата, да се пуштат осудените припадници на организацијата, а притоа се закани дека ако не се случи тоа, дека ќе ги продаде девојчињата во ропство.
За Оланд, таа група е фундаментално спротивна со цивилизациските вредности, нагласувајќио ја врската на Боко Харам со Ал Каеда и други терористички организации. Сепак нема да има воена операција од западните земји. Британските претставници посочуваат дека нигерискиот претседател Гудлак Џонатан не е волен да прифати странска помош, но и дека отфрлил замена за затворениците за девојчињата.
Сега има знаци на бунт во нигериската војска која вели дека Боко Харам е и побројна и подобро вооружена формација. Дел од нив за странските медиуми велат дека и дел пд војската се бори на страната на Боко Харам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


