| четврток, 6 декември 2018 |

Традицијата продолжува, Атлетико Мадрид ги освојува титулите во последното коло

Традицијата што вели дека Атлетико Мадрид не ги губи титулите во последното коло, продолжи и овојпат, а „јорганџиите“ стасаа до јубилејниот десетти трофеј во шпанското првенство со реми, 1-1, против директниот ривал Барселона и тоа на гостински терен.

На Барселона и требаше победа, Каталонците поведоа со прекрасниот гол на Алексис Санчес, но Диего Годин израмни, што беше и конечен резултат за големо славје на експедицијата од Мадрид.

Атлетико има освоено 10 титули, 9 од нив со успех во последната рунда од шампионатот, а само еднаш порано од последното коло го кренале пехарот. „Црвено-белите“ играа прекрасно сезонава, а имаат шанса и за европската круна, за што треба да бидат подобри од вториот шпански гигант Реал Мадрид на 24 јуни во Лисабон во финалето на Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top