Цената на нафтата на светските берзи изутринава се намали на под 95 долари за барел, непосредно пред објавувањето на извештајот за американските резерви на нафта.
Нафтата за испорака во март на њујоршката берза поевтини за 89 центи на 94,33 долари за барел, откако синоќа забележа пад од 1,88 долари на 95,22 долари за барел.
Европската „брент“ нафта на берзата во Лондон поевтини за 53 центи, на 115,07 долари за барел.
Пазарите очекуваат неделните извештаи на Американскиот нафтен институт да покажат раст на резервите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



