Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк во Скопје кај Школка, каде присутните ќе ги поздрават министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, амбасдорот Пол Волерс, претседателката на Борка Биба Додева и Маја Иванова.
Веднаш потоа ќе започне традиционалната розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници кои пешачејќи три километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите како основен предуслов за победа над ракот на дојка.
Учесниците прошетката „Напред розово 2014“ ќе ја започнат од Школка во Градски парк кон фонтаната „Лотус“ преку булевар „Илинден“ во правец на зградата на Владата, потоа преку мостот „Гоце Делчев“ до улицата „11 Март“, па преку ндвозникот ќе продолжат по улицата „Самоилова“ до крстосницата со улицата „Лазар Личеновски“ по што преку мостот „Гоце Делчев“ и булеварот „Илинден“ ќе се вратат до Градскиот парк. Во прошетката покрај граѓаните на Скопје ќе учествуваат и поддржувачи на Борка од повеќе градови од Македонија кои организирано со автобуски превоз ќе пристигнат од Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.
Оваа година кон кампањата се приклучува и неформалната група велосипедисти „На Точак“ кои во знак на поддршка и подигање на свеста за борба против ракот на дојка ќе извозат рута во дложина од пет килметри низ центарот на Скопје по што ќе се приклучат на розовата прошетка.
Настанот ќе биде збогатен со музички хепенинг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.