Сава би можела да се излее по Белград, а под вода би можеле да се најдат улиците кај Ада Циганлија и Саемот.
Сања Жугиќ, началник на управата за справување со ризик, за српски Курир изјавила дека Сава расте од час во час и дека најкритично ќе биде денес и утре.
– Огромни количини на вода доаѓаат. Најкритично ќе биде во Обреновец, Сремска Митровица, Белград. Тешко е да се прецизираат конкретни локации. Се очекува водостој над нивото за вонредни ситуации. Коритото на Сава ќе биде како коритото на Дунав – вели таа.
Тоа го потврди и министерот Александар Антиќ.
– Србија во наредните денови ја очекува серизона драма со Сава. Ќе ја браниме Србија од Сава- предупреди Антиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот