| четврток, 6 декември 2018 |

Пустец ќе биде единствената македонска општина во Албанија

пустец 2

Македонската општина Пустец во Албанија го задржува тој статус. Но таа среќа ја немаат општините во областите Гора и Голо Брдо населени главно со Македонци. Тие со сите пет варијанти кои се предлагаат од владата, се предлага припојување кон други општини, пишува Дневник.

– Министерот за локална самоуправа Бленди Чучи пред парламентарната комисија за територијалната реформа престави пет варијанти за територијалната реформа. Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Додека општините во Голо Брдо и Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини – вели за Дневник, Васил Стерјовски од македонската партија Македонска алјанса за европска интеграција, кој како претставник на Македонците присувуваше на седницата на комисијата.

Република Албанија спроведува реформа на локалната самоуправа, со цел да се намали бројот на општините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top