Кошаркарите на Реал Мадрид кој важеа за фаворити во второ полуфинале од Евролигата на завршинот турнир во Милано ја декласираа Барселона со 38 коша разлика (100-62).
Особините кои ги красат „кралевите“ оваа сезона, цврста одбрана и брз контра напад беа пресудни и во овој дуел. Темпото го диктираа избраниците на Пабло Ласо во текот на сите 40 минути. Барселона беше рамноправна само во првите 10 минути кога резултатот беше 20-20. Од тогаш тргна машинеријата на Реал и не запоре се до крајот на мечот.
Осоколени од неодамнешната победа во домашниот шампионат играчите на Барселона успеваа да им одолеат на налетите на „крелевите“ се до крајот на првото полувреме кога отидоа на пауза од -8 поени (45-37). Во второто полувреме на теренот постоеше само еден тим, Реал Мадрид. Барселона треба што побрзо да го заборави второто полувреме бидејќи успеа да постигне само 25 поени, а да прими дури 55.
Најефикасен на теренот беше најкорисниот играч (МВП) во годинешното издание на евролигата Серхио Родригез со 21 поен и шест асистенции. По него во редовите на мадриѓаните следат Никола Миротиќ со 19 и Руди Фернадез со 12 поени.
Кај поразените единствена светла точа беше хрватот Анте Томиќ со 16 поени и осум скока.
За одбележување е ефикасниот шут за три поени кај Реал Мадрид. Тие успеаа да постигнат 14 тројки, а дури девет играчи се запишаа во листата на стрелци зад линијата 6,75.
Реал Мадрид е најтрофеен тим во Евролигата со осум наслови, но дури 19 години не успеваат да се искачат на тронот. Последниот пехар го имаат подигнато во далечната 1995 година.
Минатата година истотака играа во финалето во Лондон, но беа поразени од Олимпијакос и Перо Антиќ.
Во недела се игра големото финале во 20 часот во кое се среќаваат Макаби и Реал Мадрид.
Во 17 часот се игра натпреварот за третото место меѓу ЦСКА Москва и Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.