Околу 10.000 граѓани од Белград се јавиле на повикот на српските власти за доброволци кои ќе се вклучат во спасувачките акции во Шабац вечерва.
Српскиот премиер Александар Вучиќ побарал 1.500 доброволци, но на збирното место пред Белградска арена стигнале неколкупати повеќе, така што немало доволно автобуси за сите да заминат.
Властите велат дека никој не очекувал толкав одзив на граѓаните, кои не се директно загрозени од поплавите но бараат да се вклучат во операциите за помош во поплавените подрачја.
Апел за вклучување во операциите за спасување денеска беше упатен и до српските студенти. Студентската конференција на универзитети ги повика академските граѓани „да го положат најважниот испит“, да покажат солидарност, хуманост и храброст и да се јават на повикот за доброволци што го упати српската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот