| четврток, 6 декември 2018 |

Филе: ЕУ ќе ги поддржи властите во Киев за стабилизирање на земјата

stefan-file-527

Вршителот на должност претседател на Украина Олександар Турчинов и еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе денеска разговараа за ситуацијата во Украина и за нејзините европски перспективи.

Турчинов истакна дека украинските власти го „следат патот за стабилизација преку децентрализација, зголемување на помошта за регионите и борбата со корупцијата“.

Тој истакна дека Киев е подготвен за дијалог со претставниците од источниот дел на земјата „кои дејствуваат врз законска основа“. Но, Турчинов во исто време најави операција против сепаратистите во источна Украина.

Филе посочи дека Украина за Европа е „надежен партнер“.

– ЕУ ја поддржува и ќе ја поддржува украинската власт во стабилизацијата на Украина, наведе Филе, додавајќи оти тој ќе направи се што зависи од него во процесот за европската интеграција на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top