| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Георгиев го откажа концертот: Не можам да пеам додека луѓето страдаат

vlado1-600x300

Поради влошената ситуација во поплавените делови во Србија, пејачот Владо Георгиев одлучи да го откаже вечерашниот концерт во Белградска Комбанк Арена.

-Драги луѓе, јас не можам да пеам додека низ Србија луѓето страдаат. Ги молам сите кои купија карти за мојот концерт да имаат разбирање како и да дадат поддршка во загроцените подрачја. Новиот датум ќе биде закажан веднаш штом се подобри ситуацијата кога заедно ќе пееме за помош на загрозените граѓани. Благодарам за разбирањето – соопшти Георгиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top