| четврток, 6 декември 2018 |

Силвио Берлускони: Јас сум добар бидејќи личам на папата

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска изјави дека би можел да раководи со Римокатоличката црква, толку добро како и папата Франциско.

silvio-berluskoni

– Навистина ми се допаѓа папата Франциско, бидејќи тој се однесува така како што јас би се однесувал кога би бил папа – истакна Берлускони во интервју за италијанското Радио 24.

Берлускони на прашањето дали Франциско е добар бидејќи наликува на него, истакна дека „би ги претставил работите на друг начин“.

– Јас сум добар бидејќи личам на папата – рече Берлускони.

Интервјуто беше направено пред втората посета на поранешниот италијански премиер на Центарот за болни од Алцхајмер во близина на Милано.

Берлускони помага во Центарот откако беше осуден за даночни измами и поради возраста наместо да отслужува затворска казна, досудена му е општествено корисна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top