| четврток, 6 декември 2018 |

Руската војска сѐ поблиску до украинската граница

На 13 март Русија почна со воени вежби на источната граница со Украина, со 45.000 војници, при тоа дестабилизирајќи го источниот дел на земјата и поттикнувајќи ги стравувањата на Киев од непосредна инвазија. Мапата подолу се базира на документ од Кралскиот институт за одбранбени студии издаден во април од страна на „Вашингтон пост“, којашто подробно опишува кои руски единици се мобилизирани и каде оперираат. Понатамошната анализа на „Вашингтон пост“ покажува од каде доаѓаат руските единици и колкав дел од регионално расположливите воени сили на Русија се распоредени на украинската граница

Svet88-1

 

Други воени заложби на Русија

Иако Русија ја има една од најмоќните војски во светот, од 285.000 војници во копнените сили, во моментов може да распореди само околу 92.000 војници во Украина, од кои 45.000 се обучени за борба. Повеќето руски единици веќе се задолжени за безбедноста на границите на земјата, распоредени низ огромната гранична линија на Русија, вклучувајќи го и Далечниот Исток.

 

Калининград

Калининград, некогашен дел од Германија, е припоен кон Русија по Втората светска војна. Тука е стратегиската заштита на седиштето на Балтичката поморска флота и претставува вистинска стража поставена длабоко на територија на НАТО. Речиси е неверојатно дека Калининград би се вмешал во каков било воен конфликт во Украина.

 

Транснистрија (Приднестровје)

Оваа тесна соседна лента на Украина ја прогласи својата независност од Молдавија во 1990 година. Иако не е меѓународно признаена, областа има свој устав и валута, а проруската наклонетост е голема. Припадниците на руските сили се стационирани на оваа територија уште пред да почне моменталната криза.

 

Грузија

Уште по инвазијата врз Грузија во 2008 година, Русија има околу 10.000 свои војници на границите во Јужна Осетија и во Абхазија, двете поранешни грузиски провинции.

 

Ерменија

Ерменија смета на 4-5.000 руски војници заедно со борбените авиони „МиГ-29“, а наскоро и хеликоптерска ескадрила за заштита од Турција и од Азербејџан. И Ерменија и Азербејџан тврдат дека имаат право на сопственост врз областа Нагорно-Карабах.

 

Чеченија

Иако Русија официјално ги прекина антитерористичките операции во чеченскиот регион, безбедносни експерти мислат дека 20.000 војници се присутни во регионот за да ја одржат стабилноста.

(Пишува: Ненад Мирчевски
Текст објавен во 88. број на неделникот „Република“, 9.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top