| четврток, 6 декември 2018 |

Виножито се развеа пред холандската амбасада

holandsko vinozitoАмбасадата на Кралството Холандија во Скопје се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата и го постави знамето со боја на виножито, еден од најпрепознатливите симболи на ЛГБТИ заедницата. Фотографија од подршката со пораката „Човековите права се за сите, без разлика кои сте и кого сакате!“ ја објави на својот фан страница на Фејсбук.

холандијаИстото знаме е поставено и пред Министерството за надворешни работи на Холандија, од каде што се порачува дека Холандија се залага за еднакви права за ЛГБТ заедницата и дека сите нејзини амбасади се активни, отворено или на затворени дискусии, во оваа област во текот на целата година.

Во Скопје за во недела (18 мај) кога се обележува овој ден, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија најави јавен настап во Градскиот парк.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top