Маж од Бјелина во Република Српска почина кога дел од ѕид на неговата вила се урнал под притисок на надојдената вода. На покривот на вилата стои жена која очекува помош и чамци, бидејќи околу куќата има големо количество вода. Полицијата во моментот не може да стигне до вилата поради високото ниво на водата.
Идентитетот на загинатиот маж не е соопштен. Се преземаат сите мерка за спасување на жената од покривот на вилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



