Низ социјалните мрежи се шират скандалозни информации за тоа како можат трговците во Србија да ги искористат поплавите и да ги зголемат цените за неверојатни 100 проценти, пишува српски Pressonline.
Во Валево цената на гумените чизми од 1.700 српски динари (15 евра), скокнала на 3.200 динари (27 евра). Во Лозница балон вода наместо за 60 динари (0,52 евра), се продава за 160 динари (1,4 евра).
– И додека пријателските земји се трудат да ѝ помогнат на Србија, има и такви што останале имуни на туѓата мака и користат секаква пригода за да заработат – пишува Pressonline.
Последниве неколку дена, Србија и Босна и Херцеговина се зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплави и однесоа и неколку човечки жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.