| четврток, 6 декември 2018 |

По два месеца Скопје ќе добие уште еден скејт-парк

скејт
Скејтерите за два месеца ќе добијат нов парк, чие користење нема да се наплаќа и нема да има работно време. Скејт-паркот чија изградба веќе е почната се наоѓа на кејот на Вардар, под Паркот на франкофонијата.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорот на ЈП „Улица и патишта“, Синиша Ивановски, денеска изврши увид во градежните работи на новиот скејт-парк.

-Овој скејт-парк ќе биде со димензии 50 на 15 метри. Ќе има многу елементи кои ќе им овозможат на граѓаните кои сакаат да се забавуваат и да се рекреираат во паркот. Може да дојдат со ролерки, со велосипеди… Скејт-паркот ќе биде со сите стандарди кои се потребни за овој вид градби, нема да има проблеми за повредување и слично. Град Скопје издвои 5 милиони денари за изградба на паркот и се надеваме дека за околу два месеци ќе биде пуштен во употреба – истакна таткото на градот.

скејт 2

Скејт-паркот наменет за ролерџии, скејтбордери и велосипедисти ќе овозможи добра забава и рекреација за љубителите на овој вид спортови и во вечерните часови бидејќи ќе биде осветлен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top