Липнел Меси се избори за поголема плата во Барселона и стана најскап фудбалер на планетата со годишни примања од 20 милиони евра, а ќе остане кај Каталонците до 2018 година.
Денеска беше обеоденет договорот меѓу двете страни, што значи ист договор во времетраење до 2018 година, но и подобрени услови за Меси, кој има раст на платата на годишно ниво од 7 милиони евра. Досега малиот волшебник од Аргентина заработуваше по 13 милиони евра за 12 месеци.
Зад него со 18 милиони евра годишна плата е Кристијанон Роналдо од Реал Мадрид.
Меси годинава прослави убав јубилеј 10 години од дебито за Барса, а има шанса да си го разубави моментот со титула. Во сабота актуелниот шампион треба да го победи Атлетико Мадрид на својот „Камп Ноу“ за да го одбрани трофејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.