„Здодевно“, „драматично умртвено“, „тапо и безживотно“, „Никол Кидман урнебесно смешна, но филмот не е комедија“, се само некои од коментарите по филмската премиера на „Грејс од Монако“ со која се отвори 67. издание на Канскиот филмски фестивал.
Дури ни полудрагите камења кои го красеа фустанот на австралиската актерка не можеа да ги натсјаат мрачните критики кои ги добри филмот на Оливие Дан.
Приказната за една епизода од жиовотот на Грејс Кели, во моментите кога поминува низ брачна криза „Холивуд репортер“ ги нарече „неверојатно здодевен филм направен од сочен материјал“. За британскиот „Телеграф“ филмот е фантастично смешен, а за „Верајети“ е „тапа и безживотно мелодрама, драматично умртвена како и мускулите на замрзнатите образи на Никол Кидман“. „Скрин интернешнел“ го стави филмот во ист кош со минатогодишниот катастрофален од филм „Дајана“, со Најоми Вотс во главната улога.
„Тоа е гледлив и раскошно направен филм со урнебесно смешната Кидман. Но, неволјата е во тоа што филмот не е направен како комедија“, заклучува „Емајер“.
Ваков епилог беше очекуван, со оглед на контроверзиите кои го следеа филмот од почетокот на снимањето, па потоа осудата на семејството од Монако, како и спорот меѓу францускиот режисер Ден и американскиот продуцент Харви Вајнстин, што во еден момент ја загрози и дистрибуцијата на „Грејс од Монако“.
На прес-конфренцијата во Кан, Никол Кидман изјави дека жали за одлуката на кралското семејство да го бојкотира филмот.
– Тажна сум бидејќи сметам оти филмот нема задни намери кон семејството, посебно не кон Грејс или кон Рение. Станува збор за делумна фикција и драмска интерпретација на настаните. Сакам да им порачам на сите дека глумев со голема љубов и ако децата на Грејс Кели решат да го гледаат филмот, ќе забележат дека има симпатии и за двајцата родители – изјави актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.