Вчера во полициската станица во Кочани е пријавено дека на ул. „Стамен Манов“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка меѓу О.А.(40), Е.А. (27) и Ј.М.(64) од една страна и нивните соседи Е.Ј.(35), Р.Ј.(33) и З.Ј. (55) од друга страна, сите од Кочани.
Во тепачката лицата употребиле лопата, вила, рачка од земјоделски алат и нож, а со убодна рана во пределот на десната плешка, скршено рамо и нагмечување по телото се здобил О.A., додека со телесни повреди се здобиле Е.A., З.J. и Р.J.
По целосно расчистување на случајот, за учесниците ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.