Објавена е драматична снимка од Сирија, која покажува силна експлозија во близина на градот Идлиба.
Сириските бунтовници ископале тунел од 300 метри за да можат да постават бомба. Бунтовниците со 60 тони експлозив дигнале во воздух воена база на режимската војска на Башар ал Асад.
За да можат да постават бомба покрај објектот сириските бунтовници ископале тунел долг 300 метри, објави „Скај њуз“.
Се претпоставува дека во силната експлозија загинале голем број војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.