Хрватскиот пејач Масимо Савиќ и словенечката поп-ѕвезда Алја се први на овој простор кои направиле концерт во авион на 4.000 метри во небото.
Можност да уживаат во концертот, кој се одржа во еден од авионите на „Кроација ерлајнс“, имаа само спонзорите, новинарите и неколку познати личности.
По два часа, забавата се префрлила на загрепскиот аеродром.
Концерт во авион имаат одржано само уште неколкумина музичари во светот, меѓу кои и „Џамироквај“ и „Корн“, но Савиќ и Алја се првите пејачи од Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.