| четврток, 6 декември 2018 |

Гигантите од Евролигата вечерва се борат за пласман во големото финале

f4-2014-milan-vbДенеска се играат полуфиналните натпревари од кошаркарската Евролига на завршниот турнир што се игра во Милано.
Силите ќе ги одмерат четирите најсилни тимови оваа сезона – ЦСКА, Макаби, Барселона и Реал Мадрид.
Низ целата сезона овие тимови покажаа дека заслужуваат пласман на завршниот турнир.
Во првото полуфинале московска ЦСКА ќе се обиде да избори пласман во финалето против израелскиот гигант Макаби кој дури петпати успеал да се радува на насловот во ова нетпреварување.
Најскапиот тим оваа сезона во Евролигата, ЦСКА, кој има буџет од преку 30 милиони евра по сезона, има освоено шест титули и уште шест пати има играно во финалето.
На клупите на овие тимови седат искусните тренери Еторе Месина и Дејвид Блат кои имаат освоено сѐ што може да се осви во нивните кариери. Дејвид Блат успеа со тимот на ЦСКА да ја освои Евролигата, но овој пат ќе проба да им ги замрси конците на доскорашните работодавци.
Еторе Месина е тренер за кој многу се зборува и во НБА-лигата и се очекува од следната сезона да преземе некој тим и да се докаже и преку барата.
Натпреварот се игра во 18 часот.

ВballrADYторото полуфинале е вистинска класика. Барселона против Реал Мадрид. Шпанско-европска пресметка на двата тима кои најмногу прикажаа во групната фаза од Евролигата.
Реал Мадрид во првиот дел од сезоната уриваше рекорди, додека Барселона својата сила ја покажа во вториот дел кога и се играа натпреварите од осминафиналните групи.
Реал Мадрид од овие четири тима најмногу се радувал на европската титула. Дури осум пати го кренал пехарот, додека Барселона само двапати, но има и пет финалиња.
За Реал Мадрид се зборува дека оваа сезона има најквалитетен тим кој може многу лесно да се носи и со тимовите од најкавалитетната лига, НБА. Членот на „кралевите“, шпанскиот репрезентативец Серхио Родригез, е прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од Евролигата, а, сепак, своите минути на паркетот ги почнува како резерверн играч од клупата.
Натпреварот се игра во 21 часот.
Цел завршен турнир, вклучувајќи ги полуфиналните и натпреварите за третото и за првото место, се играат во големата сала „Медиоланум форум“ во Милано со капацитет од 13.200 гледачи.palazzo-mediolanum

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top