| четврток, 6 декември 2018 |

Трудницата повредена во сообраќајката благодари за човечноста (видео)

pismo
Писмо со голема благодарност за хуманиот гест вчера на затвореникот Зоран К. му испрати трудницата Јасмина која беше една од полесно повредените патници во автобусот кој пред неколку дена се судри со воз на преминот кај Сарамзалино на магистралниот пат Велес – Штип, објави велешката ТВ Здравкин.

Затвореникот Зоран К., на домашно отсуство, во вторникот со возило се нашол на местото на несреќата. Според очевидци, Зоран од автобусот успеал да извлече неколкумина патници, меѓу кои и најтешко повредената патничка која сѐ уште е во Ургентниот центар во Скопје и трудницата Јасмина. Тој со своето возило до велешката болница успеал да пренесе неколку патници.

Јасмина се чувствува сосема добро, а и нејзиниот плод се развива без никакви последици од сообраќајката. Таа испратила писмо со благодарност до Зоран К. и до персоналот на велешката болница кои безрезервно и помогнале нејзе и на другите повредени патници.
Зоран има уште 18 месеци до издржување на затворската казна во затврот во Штип. Но, неговиот хуман гест ќе остане запаметен и од патниците и од целата македонска јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top