Легендарниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, одлучи да замине во заслужена фудбалска пензија. Иако се појавија шпекулации дека кариерата може да ја продолжи во друг клуб, Пујол изјави дека не може да се замисли себеси во друг тим.
– Го живеев сонот на милиони деца кои би сакале да го носат дресот на Барселона. Јас ја имав таа привилегија, и тоа цели 19 години. Сакам да им се заблагодарам на сите што ја имаат Барселона во срцето, сите со кои го делев времето во овој голем клуб во изминатите две децении, од претседатели, директори, вработени во клубот, потоа тренери, соиграчи и, секако, навивачи. Сите многу ќе ми недостигате, но дојде времето да го напуштам клубот. Сите сме минливи, само Барселона е вечна, а моето срце засекогаш ќе остане тука – изјави Карлес Пујол.
За тоа колку им падна тешко ова на неговите соиграчи, говорат солзите на Чави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.