| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на култното продолжение на „Иксмен“ на 22 мај во Македонија

IH7A9802.CR2

Новата авантура на најпопуларните филмски мутанти во филмското остварување „Иксмен: денови на идното минато“ македонската публика ќе има можност да ужива во редовниот репертоар на домашните кина од 22 мај.

IH7A2204.CR2
Во филмот „Иксмен: денови на идното минато“ екипата на професорот Ксавиер и натаму се бори за опстанок на мутантите. Предводени од Вулверин, патуваат низ времето и се враќаат во минатото за да ја пронајдат помладата верзија од себе и да ги убедат да им се придружат во борбата за заедничката цел – опстанок на мутантите, но и на луѓето.
Новото продолжение на култната филмска сага „Иксмен“ ја собра актерската екипа од деловите „Иксмен: последното упориште“ и „Иксмен: прва класа“. Покрај веќе добро познатата актерска екипа (Хју Џекмен, Џенифер Лоренс, Патрик Стјуарт, Хало Бери…), во реализацијата на новото продолжение помогнаа и актерите Питер Динклиџ, познат како Тирион Ланистер од „Игра на тронови“, како и француската ѕвезда Омар Си, кој се прослави со улогата во филмот „Недопирливи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top