| четврток, 6 декември 2018 |

Радовиш: Си го пресекол пенисот со жилет и го фрлил во канализација

zilet1

Радовишанец со жилет си го пресекол пенисот и го фрлил во канализација, јави штипската телевизија „Тв стар“.  Радовишанецот А.Ј. (49) утрово бил донесен во штипската болница и уролозите се бореле да го сопрат обилното крварење.

Откако го преврзале, радовишанецот бил препратен во Ургентниот центар во Скопје.

Причина за бизарното самоповредување е моментална психичка состојба. Исечениот пенис го фрлил во канализација по што припаднал и бил донесен во Штип.

Татко му се обидел отсечениот орган да го пронајде за евентуално хируршки да му биде импутиран, но не успеал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top