| четврток, 6 декември 2018 |

Средби на Попоски на Глобалниот безбедносен форум во Братислава

На маргините на конференцијата, Попоски се сретна со неговиот летонски колега Едгар Ринкевич. Како што соопшти МНР, двајцата министри разговараа за тековните предизвици во евро-атлантската соработка, оценките и очекувањата во поглед на проширувањето на Балканот, како и за македонскиот придонес во овој контекст

ПОПОСКИ-2-

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествува на глобалниот безбедносен форум ГЛОБСЕЦ 2014, што се одржува во Братислава, оствари повеќе средби и неформални разговори со свои колеги министри, дипломати, аналитичари и влијателни личности од Европа и пошироко присутни на конференцијата

На маргините на конференцијата, Попоски се сретна со неговиот летонски колега Едгар Ринкевич. Како што соопшти МНР, двајцата министри разговараа за тековните предизвици во евро-атлантската соработка, оценките и очекувањата во поглед на проширувањето на Балканот, како и за македонскиот придонес во овој контекст.

– Министерот Ринкевич истакна дека Летонија, како иден претседавач со Советот на ЕУ, ќе се залага за промоција на политиката на проширување и принципиелно ќе ја поддржува евро-атланската агенда на Република Македонија, се вели во соопштението.

Во рамки на конференцијата, министерот Попоски учествува на сесијата посветена на важноста на консолидирањето на мирот и стабилноста во јужна Европа и проширувањето на НАТО на Балканот.

Во однос на Балканот оценка на земјите членки на НАТО, како што се наведува, е дека регионот е стабилен, а вниманието е насочено на глобални предизвици.

– Тоа е поволна оцена за нас и за инвестициската клима. Од друга страна, проширувањето на Алијансата во регионот не е нивен највисок приоритет. Ова постојано се извртува и истакнува од нашиот јужен сосед за да се задскрие непочитувањето на меѓународното право и злоупотребата на позицијата на сила, оценил Попоски.

Шефот на македонската дипломатија за време на дебата ги потенцирал нашите аргументи дека секоја земја треба да е слободна да носи одлуки за својата иднина, како и дека без почитување на меѓународното право и превземените обврски нема да имаме стабилен свет.

– Ова се и поентите кои за време на конференцијата беа повеќекратно нагласени од одговорните за носењето одлуки во евро-атланското семејство, што е позитивен знак за нас. Видливо е дека НАТО Алијансата размислува како да ја зајакне практичната соработка со докажаните партнери како Република Македонија. Ние ќе продолжиме да се залагаме тоа да се оствари, со крајна цел интеграција на Република Македонија и останатите земји од регионот во евро-атланското семејство, стои во соопштението од МНР.

ГЛОБСЕЦ претставува најпрестижна конференција за надворешна и безбедносна политика во Централна Европа. Оваа година покрај одбележувањето 25 години од падот на комунизмот и 10 години од големото проширување на НАТО и ЕУ, на конференцијата во фокус се темите поврзани со безбедносната состојба во Украина и односите со Русија, придобивките од проширувањето на НАТО Алијансата и приоритетите на наредниот Самит на НАТО, како и политичко-безбедносната состојба во Авганистан и против-ракетната одбрана во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top