| четврток, 6 декември 2018 |

Во Велес швајцарската фирма „Ронтис“ отвора нов погон во кој ќе се вработат 100 лица

ронтис

Нов погон и 100 нови работни места во Велес отвора швајцарската фирма „Ронтис“, јави велешкиот портал Лисица, додавајќи дека планирано е да се зголемува годишното производство на медицински помагала.

Минатата година во оваа фабрика биле произведени 5 милијарди крвни линии, 500 илјади катетри и 300 илјади сетови за инфузија.

Десет милиони евра тежи досегашната инвестиција на Ронтис, а новиот погон дополнително ќе ја зголеми инвестицијата.

– Погонот кој го подготвивме е инвестиција која вреди пола милион евра. Поволните економски услови кои ги нуди Владата на Република Македонија придонесоа одлуката за зголемување на капацитетите да биде донесена тука, рече Бојана Димовска, директор.

Минатата година Ронтис беше е една од најпрофитабилните фабрики во Македонија со обрт од 8,5 милиони евра. Плановите за оваа година се зголеменото производство да ги зголеми и обртните средства на околу 12 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top