| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски манифест: Да престанат експериментите со македонската држава

manifest palenje na bukureski miroven dogovor

Граѓанското движење Македонски манифест во отворено писмо до јавноста категорично бара, како што велат, еднаш за секогаш, да престанат експериментите со македонската држава и народ.
„Декларацијата за добрососедство со Бугарија не смее да се потпише сè додека официјална Софија јавно не ги прифати македонската нација и јазик. Македонија не смее да смени ниту буква од вековното име под притисок на Грција и нејзината фашизоидна политика. Како може да се потпишува договор со некој кој не признава дека постоиш? Ние бараме реципроцитет бидејќи ги разбираме, цениме и почитуваме вистинските демократски вредности. Македонскиот народ е уморен од блокади, уцени, ултиматуми, закани, притисоци… Меѓутоа, додека македонскиот народ сонува демократија, некои спроведуваат колонизација низ светот“, пишува во писмото на Македонски манифест.
Оттаму нагласуваат дека постојано предупредуваат дека се ближи конечното обезличување на македонскиот народ преку прекрстувањето на Македонија.
„Ние како граѓани велиме, Додта е! До кога само Македонците ќе подаваат рака, а за возврат ќе добиваат понижување, негирање и договори за самоуништување? До кога ќе траат експериментите со македонската држава и нација?“, пишуваат од Македонски манифест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top